ГОЦЕ ФЕСТ

за прием на песни за ГОЦЕ ФЕСТ 2013

Советот на Фестивалот на нови родољубиви и патриотски македонски песни ГОЦЕ ФЕСТ, распишува К О Н К У Р С за прием на песни за
ГОЦЕ ФЕСТ `2013.

Авторите кои ќе конкурираат, треба да ја имаат во предвид карактеристичноста на македонската фолклорна мелоритмика, како и богатото историско минато на македонскиот народ (пожелно е да се опејуваат теми поврзани со јубилеите и одбележувањата во 2013 година -- 110 години од Илинденското востание, 110 години од загинувањето на Гоце Делчев, 120 години од основањето на историското ВМРО и 100 години од поделбата на Македонија во Букурешт).

Секој автор кој ќе конкурира, потребно е да достави нотен запис со впишани хармонски симболи, стихови, како демо-снимка за секоја песна.

Со испраќањето песни на Конкурсот, авторите му го отстапуваат правото на организаторот, песните да ги аранжира, печати, за прв пат јавно да ги изведува, да ги сними на носачи на звук и слика, и сите овие права, или некое од нив поединечно, да ги пренесе на трети лица.

Организаторот го задржува правото, преку своите стручни комисии, да врши евентуални мелодиски, ритмички, хармонски и текстуални корекции.

Доколку на Конкурсот не пристигнат доволен број квалитетни трудови, организаторот го задржува правото истите да ги обезбеди по пат на нарачки.

Рок за доставување на песните е 15- ти Ноември, 2012 година

Песните се испраќаат на адреса:
Фестивал ГОЦЕ ФЕСТ
Младински културен центар - Скопје
Кеј „Димитар Влахов", бр. 15, 1000 Скопје
или преку e-mail: gocefest1@gmail.com


Tags: goce fest 2013 festival na novi rodoljubivi i patriotski makedonski pesni konkurs